Во текот на вчерашната вечер (19./20.02.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 215 возачи. Од нив 65 на територија на СВР Битола, 42 на територија на СВР Скопје, 27 на територија на СВР Охрид…
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.