(Видео) 36 лица ја прекршиле забраната за движење

пред 3 години

36 лица не ја почитувале забраната за движење во периодот од 20.00 часот на 19.04.2021 до 05.00 часот на 20.04.2021, соопшти министерството за внатрешни работи.

Од таму додаваат дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава, за мерката за носење лична заштита на лице, биле регистрирани 412 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел да се спречи ширењето на Ковид 19.

Share
Scroll to Top