(Видео) 815 казни за брзо возење на територијата на цела држава

пред 4 години

815 возачи на територијата на цела држава биле казнети поради сообраќајни прекршоци, соопшти министертвото за внатрешни работи. Од нив 170 возачи биле казнети за сообраќајни прекршоци на територијата на Тетово, а 134 се движеле над дозволената брзина на територијата на Куманово.

Од МВР известуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема сообраќајна безбедност.

Share
Scroll to Top