Виенскиот Новогодишен концерт годинава без публика

пред 4 години

Традиционалниот виенски Новогодишен концерт ќе се одржи оваа година, но без публика, а што се однесува до сезоната на балови во главниот град на Австрија, поради пандемијата на коронавирусoт тие се откажани.

Овој 1 јануари, музичарите под диригентската палка на Италијанецот Рикардо Мути, ќе настапат пред празна сала, првпат од основањето на концертот во 1939 година. За да се надополни тишината, особено забележлива по живата полка, јавната телевизија ОРФ ќе емитува аплаузи во живо од гледачите, а 7.000 луѓе ќе можат да го споделат своето воодушевување од своите дневни соби.

„Откажувањето би испратило страшен сигнал до целиот свет“, изјави Даниел Фрошауер, директор на Филхармонискиот оркестар на крајот на октомври, во времето кога се стравуваше дека може да се откаже концертот поради зголемениот пораст на бројот на инфекции.

Тој сметаше дека е едноставно незамисливо да се откаже од тој престижен концерт. Форшауер се ангажираше да не се откаже концертот, дури и кај канцеларот Себастијан Курц. Виенската филхармонија е за Австрија исто како и фудбалот за Германија, рече тој.