Вкупно 142 казни во Скопје за прекршоци во сообраќајот

пред 3 години

Изречени се вкупно 142 мерки на возачи на територијата на град Скопје кои ги прекршиле сообраќајните правила, соопшти министерството за внатрешни работи.

Од таму известуваат дека по засилените акциски контроли во областа на сообраќајот за непочитување на брзина на движење, казнети биле 39 возачи, 11 казни се изречени за возење без возачка дозвола а шест за технички неисправни возила за јавен превоз.

„Изречени се пет санкции за користење на мобилен телефон, шест за минување на затворен семафор, пет за некористење сигурносен појас и 16 за непрописно паркирани возила“, велат од МВР.

Напоменуваат, дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Share
Scroll to Top