Од Рига, Османи директно во Стокхолм на министерскиот совет на ОБСЕ

пред 2 години

По завршувањето на Советот на Северноатлантската алијанса, Османи директно отпатува за Стокхолм, Шведска, каде од денеска ќе учествува на состанокот на министерскиот совет на ОБСЕ организиран од страна на шведското претседавање со организацијата.

За време на престојот во Стокхолм, Министерот Османи ќе има обраќање на пленарната сесија на советот, a ќе учествува на настани и состаноци поврзани со главните теми на организацијата. На маргините ќе оствари и бројни средби со свои хомолози од земјите учеснички на ОБСЕ, но и со претставници на Секретаријатот на организацијата, соопштија од Министерството за надворешни работи.

Северна Македонија веќе од идната година влегува во ОБСЕ Триото (OSCE Troika) заедно со Шведска, овогодишниот и Полска, претседавачот во 2022 година. Следната година Северна Македонија веќе ќе претседава и со Групата на медитерански партнери за соработка на ОБСЕ, како добра можност да се остави белег во пошироки меѓународни рамки, преку залагањето и промоцијата на соработката како двигател на меѓународните односи.

Share
Scroll to Top