Владата на Република Северна Македонија во пресрет на утрешниот голем државен празник, 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј, организира настан во чест на просветителите втемелени во создавањето на македонската писменост.
Владина делегација, предводена од Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање, и Митко Бојмацалиев, дополнителен заменик-министер за внатрешни работи, положи цвеќе на споменикот на светите Кирил и Методиј, на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и оддаде почит на просветителското дело на светите браќа, кое од темелно значење за македонскиот јазик, идентитет и култура.
Владата на Република Северна Македонија во изминатите години со низа активни политики го заштити и унапреди македонскиот стандарден јазик обезбедувајќи го неговиот континуитет. Пред две години македонскиот јазик е на рамноправно рамниште и со официјалните јазици во институциите на Европската Унија. И во оваа насока, Владата го потенцира значењето на мудрите и активни политики, со цел натамошна афирмација и интеграција на македонскиот јазик, идентитет и култура во демократските семејства на јазици, народи и култури.
Текстот Владина делегација им оддаде почит на светите браќа Кирил и Методиј: очекување за натамошна заштита и афирмација на македонскиот јазик е превземен од МАКФАКС.