ВМРО во Бугарија на протест, повикува да не се отстапува од ставот за Северна Македонија

пред 2 години

ВМРО организира „мирен собир“ пред Претседателството, каде се одржува Советодавниот совет за национална безбедност за европските интеграции на Северна Македонија, пренесува бугарскиот медиум „БГНЕС“.

Од ВМРО инсистираат, пишува медиумот, партиите застапени во парламентот да не отстапуваат од условите што за Северна Македонија се поставени за почеток на преговорите со ЕУ.

„Војводите“ бараат и РСМ да престане да користи говор на омраза кон Бугарија и да ги почитува правата на Бугарите во РСМ. Протестот на ВМРО е мирен, се слушаат народни патриотски песни“, пренесува медиумот.

„Ве повикуваме мирно и цивилизирано да не го пренесуваме споменот на нашите предци и нашата национална историја“, кажал Ангел Џамбазки на протестот, пренесува „БГНЕС“. „Мора да донесете единствена одлука – да не отстапувате од одлуката на Советот на министри“, додал Џамбазки.

Во написот на бугарскиот медиум стои, дека ВМРО, се заканило дека ќе распише референдум доколку Бугарија го промени ставот за Северна Македонија и членството во ЕУ.

„Знаете дека направивме многу обиди за референдуми, но не можам да замислам ниту една тема што е пореферендумска од оваа. Ние инсистираме на луѓето кои можат да го направат тоа според Уставот. Доколку не се направи тоа, имаме подготвеност и желба да свикаме национален референдум, пишува „БГНЕС“

Share
Scroll to Top