ВМРО-ДПМНЕ: Аеродром се труе, а Шилегов и Марин го преспаа мандатот

пред 3 години

Мерната станица во Лисиче уште од 17 часот покажува енормна загаденост на воздухот, а истата сè повеќе расте со секој поминат час, реагираат вечерва од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што велат од таму, нивото на канцерогени ПМ 10 честички во воздухот во Аеродром е и до 4-5 пати поголемо од максимално дозволената граница.

„Скопје буквално се гуши, а зимата не е ниту почната. И сето ова се случува на намален и редуциран градски превоз и намален проток на луѓе. Можеме да замислиме што ќе се случува во текот на зимскиот период. Петре Шилегов и Златко Марин кои се најповикани да се справуваат со проблемот со загадувањето на воздухот не направија ништо за да го подобри квалитетот на воздухот“, се наведува во партиското соопштение, во кое се додава дека двајцата градоначалници три години го преспале мандатот без ниту еден проект.

Share
Scroll to Top