ВМРО-ДПМНЕ: Ако падне Талат Џафери паѓа Владата, затоа Ковачевски прави будала од себе

пред 3 години

Ако падне Талат Џафери паѓа Владата, затоа Ковачевски прави будала од себе и не смее да го осуди дивеењето во Собрание, реагираат од опозицискиот ВМРО-ДПМНЕ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Ковачевски е толку уплашен од Џафери што вчера мораше да гледа и фудбал со него, само за да покаже пред јавноста дека стои зад Џафери, и да го понесе срамот врз себе. До кога Ковачевски ќе продолжи да прави будала од себе за да не му излезе ДУИ од влада? Сите го слушнаа Талат Џафери како пцуе вработени во собранието и врши мобинг врз нив, само Ковачевски едвај чека јавноста да заборава на случајот, за да не мора да го осуди Џафери и да не му се налути ДУИ“, се посочува во писмената реакција од оваа партија.

Ковачевски, додаваат од таму, само за да остане на власт е спремен да премолчи се, па дури и малтретирањето на вработените во собранието од страна на Џафери.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски е спремен на се, па дури, како што велат и да се слика со примитивецот од Форино, додека цела јавност се згрозува, само да поседи уште некој ден во фотелјата во влада.

„Ковачевски е срам за државата исто колку и Џафери, затоа што за власт е спремен да жртвува десетина човечки судбини и да ги остави луѓето да бидат шиканирани од Џафери“, потенцираат од партијата на Мицкоски.

Share
Scroll to Top