Непријатно сме изненадени од примитивизмот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој мислејќи дека камерите се исклучени ги навредува и со најпогрдни пцовки ги малтретира вработените во Собранието, велат од ВМРО-ДПМНЕ во однос на објавената аудио снимка од овој настан.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Односот на Џафери кој може да се слушне во видео материјал објавен во медиумите е скандалозен, примитивен и целосно недозволив.
Односот на Џафери е и слика како се однесува оваа власт на СДСМ и ДУИ со вработените во институциите и народот воопшто. Тие вработени кои Џафери ги пцуе се нечии синови, ќерки, мајки, татковци, сопружници“, се наведува во партиската реакција.
Според опозициската партија, Талат Џафери е пример за примитивизам и политичар кој треба да биде минато.