ВМРО-ДПМНЕ: Бизнисмени биле уценувани и рекетирани лично од Заев

пред 2 години

„Повторно по којзнае кој пат се потврди дека главниот рекетар во Македонија е Зоран Заев. Последна потврда за рекетот од страна на Зоран Заев е јавно објавената преписка од страна на Бојан Јовановски – Боки 13“, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Тие оценуваат дека јасно се гледа, како што велат дека главата на рекетарскиот октопод е Зоран Заев и како бизнисмени биле уценувани и рекетирани.

Доказите потврдуваат, додаваат од оваа партија, како Заев дава насоки со кои од неговите пајташи е најпогодно да се договараат работите.

„Исто така граѓаните можеа да видат како пипците на октоподот продавале и трансформирале државното земјоделско земјиште во градежно земјиште. Додека земјоделците мака мачат како да преживеат, Љупчо Николовски за само еден ден трансформирал и продавал земјиште. Љупчо Николовски по објавените пораки како прави криминал со трансформацијата на земјоделско земјиште за личен бенефит, треба веднаш да си поднесе оставка од функцијата министер за земјоделие. Целосен молк од страна на Заев, Николовски, Рашковски и сите повикани во преписката на обвинетиот во случајот „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановси – Боки 13“ е истакнато во писмениот допис од ВМРО-ДПМНЕ.

И покрај јавно објавените докази, и покрај сите сведочења на бизнисмени и граѓани за рекетот и криминалот на власта на СДСМ, од ВМРО- ДПМНЕ посочуваат дека главните виновници не се седнати на обвинителна клупа.

„Пет години потрошени на граѓаните од страна на власта на СДСМ и Зоран Заев само со криминал и корупција. Пет години стагнација на Македонија и уназадување на сите светски ранг листи“, потенцираат од оваа партија.

Share
Scroll to Top