ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДСМ и ДУИ во кризи потрошила 2,5 милиони евра за набавка на возила

пред 2 години

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека владата на СДСМ и ДУИ во услови на кризи и сиромаштија потрошила над 2,5 милиони евра за набавка на автомобили.

Најголем дел од тие нови службени возила, како што напоменуваат од оваа партија, се со цени над 30 илјади евра.

„Буквално додека народот нема пари да стави гориво, власта на СДСМ и ДУИ со народни пари купува луксузни возила и потоа пак со народни пари ги развозуваат. Власта тврди дека за кризата знаела од ноември месец минатата година, а токму во тој период потрошиле милиони евра за непродуктивни трошоци и луксузи. Гледаме дека освен за нови службени возила, трошеле и за хотелски услуги, кафиња, жардињери, мебел, цвеќиња, а во исто време лицемерно бараат од граѓаните да штедат“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта на СДСМ и ДУИ се тотално одлепени од реалноста, едно зборуваат, друго прават. Сигурно своите семејни буџети не ги трошат вака бескрупулозно како што тоа го прават со народните пари од државниот буџет. Овие милиони наместо за аздисување на власта, можеа да завршат во поддршка на компаниите, стопанството, граѓаните, студентите, пензионерите, земјоделците“, се посочува во нивната писмена реакција.

Share
Scroll to Top