ВМРО-ДПМНЕ: Во период пред ризик од рестрикции на струја Заев за директор на РЕК поставува хармоникаш

пред 3 години

„Во период пред ризик од рестрикции на струја Заев за директор на РЕК поставува хармоникаш“.

Новопоставениот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матески, пред само неколку месеци беше поставен за директор на „Термоелектраната“, во која во изминатиот период се случија најголем број хаварии. Пеце на ова место доаѓа како долгогодишен хармоникаш, без посебно искуство во енергетиката.

РЕК „Битола“ не е оркестар, туку најголемиот енергетски капацитет во државата, кој ако не работи, земјата може да остане и без струја. На чело на РЕК треба да биде докажан експерт, а не музичар од кариера.

Деградирачки е РЕК да го води човек што нема никакво познавање од енергетиката, ниту реално искуство од областа.

Опасност за безбедноста на земјата е на чело на најголемиот енергетски капацитет, наместо енергетичар од пракса, да имаме хармоникаш.

Речиси 40 милиони евра државата ќе плати за месецот што измина затоа што РЕК „Битола“ нема јаглен, а хидроакумулациите се празни и не произведуваат струја. Струјата што сега е платена и купена од увоз од домашните капацитети можела да се произведе за цена и до петпати поевтино.

Кога за еден месец се потрошија 40 милиони, колку ќе се потрошат до крајот на грејната сезона?

Огромни суми пари се трошат без план, а како што стојат работите, нема ниту кој да го направи планот за излез на државата од енергетската криза. Со СДСМ и Пеце на чело на РЕК, битолчани имаат еден хармоникаш помалку, а државата еден проблем плус“.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Share
Scroll to Top