ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ и СДСМ наместо европски вредности го воспеваат диктаторот Енвер Хоџа

пред 2 години

„ДУИ како и нивниот партнер во власта и во криминалот, СДСМ, целосно се изгубија. Наместо европски вредности, тие се сведоа на воспевање на комунистички диктатор како што е Енвер Хоџа. Наместо западна демократија, тие глорифицираат тоталитарен режим кој ја направи Албанија во тоа време најизолираната и најсиромашната држава во Европа“, е истакнато во писмената реакција од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„И сега кога Албанците го гледаат Ахмети како пее и жали за времето на Енвер Хоџа, им станува јасно дека декларативните изјави на ДУИ за европски вредности се обично лицемерие. Тие се восхитуваат на комунизмот, тоталитарниот режим и диктаторот кој беше свртен кон Кина и СССР и поради кој страдаа многу Албанци“, дополнуваат од оваа партија.

Ахмети и ДУИ длабоко во себе, оценуваат од опозициската партија, не се заштитници на права и слободи исто како што наместо демократија тие преферираат тоталитарен диктатор како Енвер Хоџа.

Тие, според ВМРО-ДПМНЕ, се само дел од мафијата на власт која владее за да краде и да ги осиромашува граѓаните, меѓу кои најмногу Албанците. СДСМ и ДУИ, додаваат од таму, правата на граѓаните ги множат со нула и гледаат само криминалот да им врви.

Share
Scroll to Top