ВМРО-ДПМНЕ: Заев ветуваше Европска Унија, а заврши со Мини Шенген

пред 3 години

Регионалните соработки на земјите од Балканот секогаш биле, се и ќе бидат поздравени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, но тие не се ни приближно тоа кое што Зоран Заев и СДСМ им го ветуваа на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека членството во Европската Унија и широкото семејство на европските народи се вистинската иднина на Македонија, која нема алтернатива.

„Зоран Заев и СДСМ дојдоа на власт во 2016-та година токму со овие ветувања и 4 години ја замајуваа јавноста со истите флоскули, без да направат суштински поместувања и реформи. Алтернативата Мини Шенген е само блед обид на Заев тоа да го прикаже како некаков успех на неговата политика, која доживеа фијаско како на меѓународен, така и на домашен план. Мини Шенген иницијативата не смее да остане наша иднина која ќе го затвори европскиот пат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top