Загина охриѓанец во сообраќајка на патот Охрид-Кичево

пред 3 години

Триесет и седумгодишен охриѓанец загина во сообраќајна несреќа, откако вчера на магистралниот пат Охрид– Кичево, кај селото Врбјани, возејќи автомпобил излетал од патот.

„П.Н.(37) од Охрид, управувајќи патничко моторно возило ‘опел корса’ со кумановски регистарски ознаки излетал од патот, по што возачот починал на местото на настанот. Извршен е увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција“, соопшти МВР.

Share
Scroll to Top