ВМРО-ДПМНЕ: Заев од голтар стана милионер

пред 2 години

„Зоран Заев е класичен пример како од СДСМ преку функција од голтар се станува милионер.

Додека Заев беше премиер, Заеви влегоа во бизнисот со марихуаната. Во две фабрики за производство на масло од канабис семејството Заеви е официјален сопственик.

Заев од позиција на премиер си даде дозвола за ископ на глина и на неговата семејна фирма Еленица.

Кога замина од функција Зоран Заев, преку неговиот син отвори фирма за трговија со струја. И додека децата на 18 години запишуваат факултет или бараат прва работа, синот на Заев влезе во милионски бизнис, за кој е потребно и предзнаење и капитал.

По примерот на Заев во СДСМ се и Димитар Ковачевски и Дарко Каевски.

Во СДСМ модел на работа е да се следи примерот на Заев, како од голтар без работа, преку политика да се стане милионер“.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Share
Scroll to Top