ВМРО-ДПМНЕ: Кај зградата „Тифани“ власта приватизира ушре едно државно земјиште по багателна цена

пред 2 години

Кај зградата Тифани власта приватизира уште едно државно земјиште по истиот принцип како кај НИП-от по багателна цена, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопшштение.

Од опозициската партија велат дека станува збор за ново скандалозно приватизирање на државно земјиште во општина Центар на кое треба да никне 6 катна зграда.

„Трите парцели од стотина метри квадратни во близина на зградата “Тифани“ експресно се процесирани од страна на институциите со цел да се приватизираат. Надлежните, министерство за Финансии на чело со Бесими и Владата на чело со администраторот Ковачевски молчат за овој скандал. Овој скандал доаѓа речиси дваесет дена откако по истиот принцип беше приватизирано атрактивно земјиште од околу 700 м2 во близина на НИП Нова Македонија по багателна сума од само 7 евра по метар квадратен. Тогаш властите глумеа изненаденост и наивност и ветуваа дека ваков случај нема пак да се повтори. Но не само што излажаа, туку истиот модел го спроведуваат во итна постапка на уште поатрактивна локација, непосредно до градскиот плоштад“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што додаваат, властите кријат по која цена ќе го отуѓат ова државно земјиште, бидејќи реалната вредност е исклучително висока и останува неодговорено дали повторно се подготвува нова далавера во која државното земјиште ќе се продаде по екстремно ниска цена и супер попуст од која некој добро ќе се офајди.

ВМРО-ДПМНЕ наведува дека заради бизнис политички интереси во Центар се случува урбан хаос, за кој мора да одговараат СДСМ и ДУИ.

Share
Scroll to Top