ВМРО-ДПМНЕ: Костадин Костадинов бесрамно лаже и манипулира

пред 3 години

Ако Костадинов верува во лагите кои ги кажа за Мицкоски, да ги каже надвор од пратеничка говорница, за да може да му се поднесе тужба, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на изјавата на пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов дека фирми партнери на Мицкоски биле кредитирани без покритие од Еуростандард банка.

„Костадин Костадинов безсрамно лаже и манипулира, а при тоа ја злоупотребува пратеничката говорница, која му дава имунитет за кажаните навреди и клевети. Доколку Костадин Костадинов верува дека е точно тоа што го зборува, го повикуваме да го каже надвор од Собраниската говорница, каде нема да го штити имунитетот за изречените лаги и клевети, и тогаш ќе биде поднесена кривична пријава против него“, се наведува во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Костадинов само сака да ја дефокусира јавноста за поврзаноста на СДСМ со пропаѓањето на Еуростандард банката и испумпувањето на 13 милиони евра од истата преку фирмата на Вице Заев и 29 други струмички фирми.

„Костадин Костадинов ги заташкува трагите кои водат директно до неговиот шеф Зоран Заев и неговото семејство“, велат од партијата.

Share
Scroll to Top