Набавката на 45 возила од страна на владата за министрите и директорите во ек на криза е безсрамно трошење на народните пари, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Граѓаните молат за донации за лекување, молат за донации за храна, молат за работа и преживување, а СДСМ фрла милиони на луксуз. Лудилото не запира. По најавата за набавка на 45 возила од владата, ФЗОМ веќе набавил 2 луксузни лимузини за двата директори Стево Крстевски и Фатон Ахмети“, додаваат од оваа партија.
Од таму проценуваат дека, со парите за 47 возила ќе се набавеа 47 амбулантни возила, но народот како што истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, не и е приоритет на оваа влада, туку личната комоција.
Според нив, власта се расфрла во време кога има најава дека ќе покачува даноци.
„Од народот ќе се зема, за да има за луксуз. Бараме да запре ова расипништво. Бараме да се раскинат договоритe за набавка на возила и парите да се пренаменат за купување на амбулантни возила или други неопходни работи“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.