ВМРО-ДПМНЕ: Монструмот Заев да се извини за лагите за “Монструм”

пред 3 години

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа извинување од премиерот Зоран Заев за случувањата во случајот „Монструм“.

„Монструмот Заев да се извини за лагите за “Монструм”. Заев со години ги лажеше родителите на убиените деца и нивните роднини дека има друга вистина за “Монструм” и дека други се убијците“, стои во соопштението од оваа партија.

Спореде ВМРО-ДПМНЕ, Заев ја злоупотребил трагедијата на убиените, за како што велат, “политичка корист и нижење на политички поени“.

„Заев лажеше и манипулираше со чувствата на роднините на убиените, но и на целата нација. Заев лажеше дека поседува докази, докази немаше. Заев лажеше и наведуваше цела јавност лаги и невистини. Заев мора да сноси одговорност. Доколку има грам морал ќе си даде оставка веднаш“, истакнуваат од опозициската партија.

Share
Scroll to Top