ВМРО-ДПМНЕ: Наместо Треска да се врати на скопјани, ќе стане елитна населба за функционерите од СДСМ и ДУИ

пред 3 години

Скопјани се избркани од Треска и покрај ветувањата на Шилегов дека ќе им ја врати на граѓаните, а сега ја бетонизира и прави елитна населба за функционерите на СДСМ и ДУИ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Шилегов на потегот кај што ветува елитна населба ветуваше ревитализација на езеро Треска и спортски центар Сарај, а сега ќе прави бетонизација околу езерото и спортскиот центар, за елитната населба на власта“, се наведува во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ јавно прашуваат дали институциите се толку ажурни и кога се работи за некоја потреба на граѓаните или, како што велат, само кога е во прашање интересот на власта.

„Ова е само уште еден криминал за раскрчмување на државно земјиште, за функционерите на СДСМ и ДУИ да се одделат од народот во скап комплекс за кој, како што вели Шилегов, се споиле сите институции само да се реализира“, порачуваат од опозициската партија од каде констатираат дека градоначалникот работи само за тесна клика на луѓе, а скопјани се оставени сами на себе.

Share
Scroll to Top