ВМРО-ДПМНЕ: Настанот на ВМРО-ДПМНЕ чинеше помалку од парите кои ги украдоа Зоран и Вице Заев

пред 3 години

Настанот на ВМРО-ДПМНЕ чинеше многу помалку од парите кои ги украдоа Зоран и Вице Заев и луѓето околу нив кои се сега во владата, велат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прашањето на СДСМ, колку чинеше, како што наведоа од таа партија, пропаднатата забава на ВМРО-ДПМНЕ во Филхармонијата?

„Настанот на ВМРО-ДПМНЕ чинеше милион пати помалку од сите матни тендери во РЕК Битола и рекети, за кои имаше кривични пријави за Вице од кои исчезна неговото име. Прославата на ВМРО-ДПМНЕ чинеше многу помалку од туцето пари кое Ден Дончев го ставаше во торба, а нема одговорност. Настанот чинеше неколку пати помалку од парите кои Драги Рашковски ги собра за мекици. Настанот на ВМРО-ДПМНЕ чини и многу помалку од парите од местените тендери за бандери по општини од нивните поранешни градоначалници“, е посочено во писмениот допис.

Од партијата на Мицкоски  оценуваат дека СДСМ се нервозни затоа што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат реализирано 1090 проекти за 100 дена, 166 капитални објекти, 33 градинки, 68 училишта, 206 улици и патишта.

„СДСМ се нервозни затоа што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ работат“, истакнуваат од оваа партија.

Share
Scroll to Top