Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена сработија повеќе од нивните претходници од СДСМ за 4 години, велат од партијата на Христијан Мицкоски.
„1.090 проекти за 100 дена, се доказ дека ВМРО-ДПМНЕ работи за народот, општините и државата. Тоа е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Проектите и делата се одлика на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во партиското соопштение.
Во него се додава дека во општините каде градоначалници се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се работи и има отчет за сработеното, додека во општините каде градоначалниците доаѓаат од СДСМ и ДУИ нема отчет, затоа што, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, таму ништо не е сработено и тие немаат со што да се пофалат.