ВМРО-ДПМНЕ: Освен што вози мотори со Заев, Филипче си барал и провизии од набавката на вакцините

пред 4 години

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека Македонија е на врвот во светот со најмногу починати на милион жители од коронавирусот и во најлошите три земји по вакцинација во Европа.

„Освен што вози мотори со Заев, Филипче си барал и провизии од набавката на вакцините. Провизиите на Филипче чинат 7,8 милиони евра и 1.000 мртви месечно.
Заради алчноста и неспособноста на Филипче, Македонија денеска надмина 5.000 починати, што е како да исчезнал еден цел град како Македонска Каменица, а повеќе отколку што имаат жители Валандово, Пехчево, Македонски Брод или Демир Капија“, стои во писменото соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Додека сите набавуваа вакцини, Филипче како што додаваат од оваа партија бркаше провизии и затоа нема ден да нема двоцифрена бројка на починати од коронавирусот, а тој во меѓувреме си се вози со мотори или хеликоптери.

„Фатени се со рацете во медот, документите покажуваат дека платил 7,8 милиони евра на фантомска фирма од Хонг Конг со тројца вработени, за дупло поскапи вакцини од реалната цена. СДСМ и владата претходно негираа, за потоа да признаат дека навистина платиле. На СДСМ не може да им се верува. Наместо да спасуваат животи, гледаа да полнат џебови и за тоа ќе одговараат“, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top