ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е против зголемување на платите, и не сака да се откаже од акцизата

пред 2 години

Опозицискиот ВМРО-ДПМНЕ оценува дека СДСМ е против зголемување на платите, и не сака да се откаже од акцизата, а секаде во светот се укинуваат на даноците на горивата.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Пратениците од СДСМ и ДУИ гласаа против предлогот на ССМ за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор од 2.800 денари. Што е всушност и порамнување по зголемување на минималната плата и обврска на власта. Но пратениците од СДСМ гласаа против, исто како што гласаа против намалување на акцизата на горивата за 50% и намалување на ДДВ од 18% на 5%. И тоа во време кога во Германија се намали данокот на горивата, а вчера и во САД претседателот Бајден побара од Конгресот суспензија на федералниот данок на горивата во период од 3 месеци“, појаснуваат од партијата на Мицкоски.

Само пратениците од СДСМ и ДУИ, додаваат од таму, не сакаат да гласаат за повисоки плати и намалување на даноците и акцизата на горивата.

„Само СДСМ и ДУИ работат против граѓаните. Затоа премногу е. Промени“, е наведено во соопштението од опозицискиот ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top