118 казни за непропуштање пешаци на пешачки премин

пред 2 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.02.2022) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 118 возачи, од кои 40 на територија на СВР Скопје, 18 на територија на СВР Тетово… При акциската контрола санкционирани се и 184 други видови на сообраќајни прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираат и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.

Share
Scroll to Top