ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може да се помират што успешно ги водиме општините

пред 3 години

СДСМ не може да се помират со фактот што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ успешно ги водат општините и покрај долговите кои ги оставија нивните претходници од СДСМ и опструкциите на централната власт, реагира ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата изнесени од страна на владејчаката партија.

„Кога СДСМ сака да зборува за трошење на народните пари нека го направи тоа за аздисаноста на институциите кои тие ги раководат. Зарем за СДСМ е нормално во услови на криза да се трошат 50.000 евра за набавка на кафе од страна на СОЗР. Додека СДСМ глуми загрижена за стандардот на граѓаните истата институција набавувала режано цвеќе во вредност од 50.000 евра. Додека народот гладува владата на СДСМ и ДУИ потрошила над 200.000 евра за хотелски услуги.

Ете ова е лицемерието на СДСМ. Народот тоа го гледа и народот тоа ќе го казни на следните избори“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top