ВМРО-ДПМНЕ: Театарот со скафандери скапо ќе ја чини власта

пред 3 години

СДСМ не го стави на дневен ред законот за економска помош во четвртокот, за да може да прави театар во скафандери, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за вчерашните случувања во Собранието кога се гласаше петиот сет анти кризни мерки а по одржаната прес конференција на СДСМ.

„Владејачкото мнозинство и Талат Џафери како извршител на Заев избраа да прават театар од обврската која ја имаат, а тоа е гласање на анти кризните мерки. Пратениците во скафандери се реално непотребни, и без нив ќе беше изгласана помошта, но на Заев му е важен театарот, затоа компаниите чекаа. Театарот од вчера скапо ќе ја чини власта. Ќе има кривична одговорност како за пратениците со скафандери, кои болни дојдоа во собрание да шират зараза, но и за сите кои тоа го овозможија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Само универзумот, глупоста на Зоран Заев немаат крај. Тие се бескрајни“, додаваат во писмената реакција од опозициската партија.

Share
Scroll to Top