Османи-Донфрид: ЕУ да го исполни својот дел од задачата и да го деблокира нашиот пристапен процес

пред 2 години

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари средба со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид, која беше придружувана од заменик помошникот државен секретар и специјален претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

На средбата, министерот Османи изрази благодарност за континуираната поддршка од САД за реализација на нашите стратешки цели, притоа истакнувајќи ја значајната улога на нашите американски пријатели за постигнување на долгорочна стабилност, демократизација и просперитет на земјава и регионот како целина.

“Денес договоривме зајакнување на нашето стратешко партнерство преку претстојниот Стратешки дијалог меѓу Северна Македонија и САД, што ќе се одржи на 2-ри јуни, во Вашингтон. Нам ни претставува посебна чест што Северна Македонија ќе стане прва земја од Западен Балкан која отвара стратешки дијалог со САД, преку кој ќе се продлабочи нашето стратешко партнерство и поконкретно ќе се врами нашата билатералната соработка”, истакна Османи.

Соговорниците се согласија дека војната во Украина демонстрираше јасна потреба и за внесување нова динамика во евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, со што ќе се потврди кредибилноста на ЕУ и ќе се охрабрат процесите за надминување на разликите и помирување во Регионот.

“Процесот на проширување на ЕУ претставува безбедносна политика и оттука членството на регионот во Унијата е од суштинска важност за регионалната и европската безбедност и стабилност. Северна Македонија е европска земја и лојален партнер со значителен напредок во реформските процеси. Затоа, цениме дека сега е вистинското време за Европската Унија да го исполни својот дел од задачата и да го деблокира нашиот пристапен процес преку усвојување на преговарачката и одржување на првата Меѓувладина конференција за време на Француското претседателство”, нагласи Османи.

На средбата, како што информираат од МНР странало збор и за актуелните безбедносни предизвици, при што била упатена заедничка осуда на руската воена инвазија во Украина, како и силна поддршка и солидарност со украинскиот народ.

Share
Scroll to Top