ВМРО-ДПМНЕ: УКИМ со драматичен пад на листата на универзитети поради политиките на СДСМ

пред 2 години

Додека универзитетите од регионот како тие во Белград, Љубљана, Загреб се во првите 500, УКИМ е повеќе од 1.000 места зад нив на ранг-листата на универзитети, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Според светската листа на најдобри универзитети УКИМ, како најпрестижен македонски универзитет не е ниту во првите 1.000, туку се наоѓа на 1.594 место, што е за 100 места наназад, во однос од пред 6 месеци кога беше на 1.493 место“, нагласуваат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, лошиот рејтинг на УКИМ најмногу се должи на лошите политики во образованието.

„Пет години СДСМ и ДУИ не направија ниту еден од неколкуте ветени студентски градови, не е инвестирано во опрема, ниту во човечки капацитет во високото образование, тоа е истата онаа власт, во која Ковачевски е заменик министер за финансии, а сега премиер“, истакнуваат од партијата и порачуваат дека излез од ваквите состојби се предвремени избори.

Share
Scroll to Top