ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да си поднесе оставка

пред 4 години

Министерот за здравство, Венко Филипче, треба да покаже доблест и да си поднесе оставка веднаш, порача ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Според опозициската партија, очигледно е дека Владата и Филипче не се способни да се снајдат во целата ситуација со коронавирусот.

„Од почетокот на пандемијата до сега немаат ниту една добра мерка донесено која вродила со некаков плод. Поради погрешните политики на Филипче и Комисијата за заразни болести во Македонија нема прекин во пандемијата односно поради нив пандемија е во континуитет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата наведува и дека Филипче нема кредибилитет, го поминал цело лето без да направи подготовки, а не е инвестирано ниту во нови болнички капацитети, во услови за медицинскиот кадар и опрема.

Share
Scroll to Top