Трошоците на живот зголемени 3 отсто во однос на лани, а цените на мало 3,9 проценти

ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за бојкот на маркетите, институциите да ги истражат сите злоупотреби

пред 1 година

ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за бојкот на маркетите.

„Сигурни сме дека институциите активно ќе се спротивстават на забеганоста на некои од маркетите и состојбата во која, без никаков индикатор, кој предизвикува инфлација, тие нечовечно ги зголемуваат цените и учествуваат директно во зголемување на сиромаштијата богатејќи се на грбот на граѓаните преку уцена и монопол и општествено неодговорен однос. Истовремено, за очекување е Владата да подготви сет мерки за контрола на растот на цените, да ги истражи овие однесувања на маркетите дали во текот на годините до денес правеле злоупотреби, даночни ескивирања или други прекршувања на законите и истовремено да ја засили контролата врз нивната работа. Ова дивеење на маркетите мора да престане“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што додаваат, нема никаква економска причина надвор од своеволноста на трговците, а која тоа го оправдува, освен голиот профит на грбот на граѓаните.

„Ваквите навики на трговците толерирани од претходните влади доведоа до тоа во државава да се зголемува сиромаштијата, а на сметка на тоа да се богатат 5-6 сопственици на маркети преку нереални зголемувања на цените и злоупотреба на позицијата во општеството“, завршуваат од партијата.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за бојкот на маркетите, институциите да ги истражат сите злоупотреби е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top