ВМРО-ДПМНЕ: 250 евра казна ако пиеш кафе, а не си вакциниран – власта удри по џебот на граѓаните

пред 3 години

Заев и Филипче со своите фашизоидни мерки удрија по џебот на граѓаните, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Миленичката на Заев, директорката на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Анета Симеска-Димоска, изјави дека од понеделник грaѓаните кои ќе бидат затекнати во објект или на настан без сертификат за примена вакцина против Ковид-19 ќе платат казна од 250 евра, а казната за угостителскиот објект се движи од 2.500 евра до 30 илјади евра, во зависност од големината на објектот, плус 1.500 евра за одговорното лице“, се наведува во партиското соопштение.

Од опозициската партија сметаат дека станува збор за, како што велат, класично пљачкосување, но и системско потфрлање на неспособната власт.

„Дискриминацијата на вакцинирани и невакцинирани граѓани е уште една од низата на нелогичности, но и резултат на неспособноста на власта која убедуваше дека до септември ќе се прогласи крај на пандемијата. Со оваа политика на Заев која затвори за шест месеци над 5.000 фирми, а за една година повеќе од 10.000 фирми колку сега ќе затвори со новите фашизоидни мерки?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ констатирајќи дека новите одлуки на власта се погубни за егзистенцијата на илјадници граѓани.

Share
Scroll to Top