ВМРО-ДПМНE: Османи призна дека Владата била запознаена, зошто институциите дозволиле формирање на вакво здружение?

пред 2 години

Министерот за надворешни работи Бујар Османи со денешната изјава „да не се викаше бугарскиот клуб ‘Ванчо Михајлов’, ќе дојдеше државниот врв и заедно ќе го отворевме”, всушност призна дека Владата била запознаена со сите детали околу скандалозната промоција на фашизам од Бугарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Навистина се грозни и манипулативни обидите на Владата и перјаниците на СДС вниманието на јавноста да се дефокусира обвинувајќи го ВМРО-ДПМНЕ за некаква поврзаност со промоцијата на ‘Ванчо Михајлов’, наместо целокупното внимание да се насочи кон единствената вистина зошто Владата молчеше за промоцијата на фашизам на Бугарија среде Битола и зошто не побара забрана за делување на здружението кое величи човек со контраверзно минато“, се наведува во партиската реакција.

Според ВМРО-ДПМНЕ, вистинското прашање е како институциите дозволиле формирање на здружение кое го велича ликот на Ванчо Михајлов, надвор од историскиот контекст на неговата улога, погрешно интерпретирајќи ги и глорифицирајќи ги неговите заложби за негирање на македонскиот народ.

Share
Scroll to Top