ВМРО-Народна партија: Непотребно се создава атмосфера на паника дека предметот историја ќе бил укинат

пред 3 години

Во поглед на најновите реформи во македонското образование, ВМРО-Народна партија смета дека непотребно се создава атмосфера на паника дека училишниот предмет историја ќе бил укинат.

„Од самиот концепт се гледа дека историјата како предмет останува и се поврзува со географијата, впрочем во најголем дел од Европа така функционира образовниот систем, а тој концепт не ја изостава ниту Македонија овобено во приватните училишта каде обично таа комбинација се нарекува “Social Studies” или општествени науки“, велат од партијата.

Истовремено ВМРО-Народна партија реагира за предлог – предметот „Јога“ кој би се вовел во македонскиот образовен систем и укажува на моментот дека јогата како предмет не е само физичко вежбање туку, како што велат од партијата, пред се јогата има сопствено религиозно значење во кое поединецот се поврзува со хиндуистичките божества.

„ВМРО-Народна партија смета дека со ваквиот предлог може да се напушти секуларизмот во македонското образование, а и да доведе до повреда на религиските чувства на двете најголеми религиозни заедници во Македонија, христијанската и исламската“, велат од партијата.

Share
Scroll to Top