СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ преку протестите сака да спаси издавачи со милионски тендери за печатење на учебници

пред 3 години

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски продолжува со деструктивното дејствување против реформите во образованието, на штета на граѓаните, велат СДСМ.

Според владејачката партија, на политичарите од ВМРО-ДПМНЕ не им е грижа ниту за учениците, ниту за образованиот систем, туку, како што се вели во реакцијата, битни им се само партиските и бизнис интереси.

„Партијата предводена од Мицкоски организира протести и се обидува да ги манипулира родителите и учениците за да ги заштити милионските ексклузивни договори со одредена група издавачи“, велат од СДСМ.

Од таму порачуваат дека со новото законско решение ќе има нови, современи и достапни учебници, а дигитализирањето на дидактичките материјали ќе значи само унапредување на наставата и на начинот на учење.

„Она што ќе го нема, а што навистина и пречи на опозициската партија, се милионските тендери за печатење на учебници од кои дебело со години се офајдуваше ВМРО-ДПМНЕ“, се тврди во партиската реакција.

Share
Scroll to Top