Возило излетало на патот Охрид-Кичево

пред 2 години

Со тешки телесни повреди се здобило едно лице, откако со неговото возило излетал надвор од коловоз.

Според информации на МВР, синоќа во 06.20 часот било пријавено дека на мaгистралниот пат Охрид-Кичево, кај влезот за аеродромот во Охрид, патничко возило „голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(64) од Скопје, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Share
Scroll to Top