Во Битола „PM 10“ честичките под прагот за аларм

пред 3 години

Среднодневните концентрации на „РМ 10“ честичките во Битола се под дефинираниот праг на алармирање од 163 mg/m3, соопштуваат надлежните.

Според податоците од ДАМСКAВ, епизодата од два последователни дена е прекината во Битола на мерното место Битола 2, со што престануваат да важат препораките и краткорочните мерки при надминат праг на алармирање.

Од страна на МЖСПП информираат дека е доставена е информација за прекин на важење на мерките до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до општина Битола.

Share
Scroll to Top