Во болниците во Македонија се лекуваат 1.237 ковид-пациенти

пред 3 години

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.237 и има околу 670 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти, а вкупно се лекуваат 515 лица.

„Бројот на приеми во ковид-центрите во Скопје во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 190 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“, соопшти МЗ.

Share
Scroll to Top