СДСМ: ДПМНЕ за 2 години не направи ништо во 40 општини, резултати нула

Во време на ДПМНЕ беа потребни 4 минимални плати за потрошувачка кошница, денеска 2, велат од СДСМ

пред 3 месеци

Во време на ДПМНЕ работниците беа третирани како евтина работна рака и затоа минималната плата беша 8.000 денари а просечната плата беше едвај над 20.000 денари, велат од СДСМ.

„СДСМ минималната плата од 8.000 денари ја покачи на 22.500 денари, што значи 3 пати повеќе од времето на ДПМНЕ. Во време на ДПМНЕ беа потребни 4 минимални плати за потрошувачка кошница, денеска 2. Просечната плата СДСМ ја покачи на 40.000 денари што е речиси двојно од времето на ДПМНЕ“, дополнуваат од СДСМ.

Според нив, дополнително, СДСМ врати над 2,6 милијарди евра назад кај граѓаните а ДПМНЕ – НУЛА, ниту еден денар.

„Веселата математика на ДПМНЕ само покажува дека оваа партија се уште е заглавена во тоа време кога наместо за граѓаните и работниците парите се фрлаа за споменици, барок и стиропор“, завршуваат од СДСМ.

Текстот Во време на ДПМНЕ беа потребни 4 минимални плати за потрошувачка кошница, денеска 2, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top