Во Гевгелија откриено поголемо количество дрога, осомничените се обиделе да побегнат

пред 3 години

Јавното обвинителство од Гевгелија поведе постапка против две лица кои се сомничат дека како соизвршители сториле кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции казниви по Кривичниот законик.

Првиот осомничен, жител на Скопје, на 7 август, по претходен договор со неговиот соизвршител, во автомобил Фолксваген пасат со скопски регистарски ознаки од Скопје до Гевгелија пренел 998 грама марихуана. Дрогата спакувана во едно ќесе ја оставил во боровата шума кај стовариште во близина на Гевгелија.
Таму се сретнал со вториот осомничен, жител на Гевгелија, кој на локацијата пристигнал со мотор веспа.
По краток разговор, вториот осомничен ја зел дрогата. Веднаш потоа бил запрен од полициски службеници кои биле во близина, па осомничениот се обидел да избега, а ќесето со марихуана го фрлил.

Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничените ќе се дадат во бегство, дека ќе ги уништат трагите од кривичното дело и дека ќе ја попречуваат кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците во кривичното дело, како и дека ќе го повторат кривичното дело, јавниот обвинител му предложи на надлежниот суд да определи мерка притвор.

Судијата за претходна постапка при Основниот суд Гевгелија го прифати предлогот и на двајцата осомничени со решение им определи притвор во траење од по 30 дена.​

Share
Scroll to Top