Во земјава доаѓа американскиот помошник државен секретар за европски прашања

пред 4 години

Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид, денеска (28. април) ќе престојува во посета на Северна Македонија, каде ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Како што информираат од МНР, во фокусот на разговорите се очекува да бидат билатералните односи меѓу двете земји, евроинтегративните перспективи на Северна Македонија, соработката во НАТО и актуелните состојби во земјата и регионот.

Во рамки на посетата, најавени се средби на Донфрид и со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Share
Scroll to Top