Во ковид-центрите во Скопје примени девет нови пациенти

пред 3 години

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани девет пациенти, а вкупно се лекуваaт 74 заболени, соопшти Министерството за здравство. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени пет оздравени пациенти.

„Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, соопшти МЗ.

Share
Scroll to Top