Во ковид-центрите низ државата има околу 60 празни болнички кревети

пред 3 години

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 820 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 71 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 37 пациенти, во Велес се лекуваат 69 болни, а во Куманово 100 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 104 пациенти, во Прилеп 116, во ковид-центарот во Гостивар 47, а во Струга 27 болни. Во болницата во Струмица лежат 93 пацинети, во Кочани 30, во Кичево 21, Кавадарци 38, а во Гевгелија 8 лица позитивни на корона вирусот“, се наведува во соопштението во кое се додава дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.258 и има колку 60 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

„И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, се нагласува во соопштението.

Share
Scroll to Top