Во Козле хоспитализирани 19 деца, едно е на кислородна поддршка

пред 3 години

На Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле хоспитализирани се 19 деца на возраст од 9-16 години, еден пациент е на кислородна поддршка, а сите останати се со лесна клиничка слика, информира Министерството за здравство.

Од таму наведуваат дека ниту едно од хоспитализираните деца не е вакцинирано.

Според податоците од националниот систем „Мој Термин“ досега во земјата 5.800 деца на возраст од 12 до 17 години примиле една доза вакцина против Ковид – 19, а ревакцинирани се 4.860 малолетници.

Share
Scroll to Top