Во Крива Паланка ќе се отвори детска градинка со капацитет за 102 деца

пред 3 години

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. На средбата стана збор за проектите кои Министерството и општината заедно ги спроведуваат. Тренчевска, го информираше Митовски дека и во наредниот период очекува активно да се спроведува Проектот за подобрување на социјалните услуги и сеопфатната социјалната реформа која ја спроведуваат Владата и Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светската банка.

„За брза реализација на проектите неопходна е успешна соработка на централната и локалната власт бидејќи само така ќе имаме задоволни граѓани. Таква е соработката со општината Крива Паланка, каде во завршна фаза е детската градинка „Детелника“ која очекуваме наскоро да се отвори и да згрижи 102 деца“, рече Тренчевска.

Градоначалникот Митовски, ја информираше министерката Тренчевска, дека Oпштината е заинтересирана на нејзина територија, со поддршка на МТСП, да биде отворена Установа за вон семејна заштита на стари лица.

Share
Scroll to Top