Во последните 24 часа нема нови ковид – пациенти на интерните клиники во Скопје

пред 4 години

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 14 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно се лекуваат 300, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники немало приеми на нови пациенти заболени од Ковид-19.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ примени се седум нови пациенти, а на Инфективната клиника шест.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 17 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 12 пациенти, на Клиниката за очни болести шест пациенти, а на ОРЛ 16 болни.

На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 95 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 77 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 20 пациенти.

„Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 146 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, соопшти МЗ.

Share
Scroll to Top