Во водите на реката Пена, во атарот на тетовското село Фалише, денеска било пронајдено телото на 62-годишниот И.Л. од Тетово, за кого на 31. декември било пријавено дека се оддалечил од домот.
По добиената пријава, по И.Л. интензивно трагале екипи на СВР Тетово, а во потрагата биле вклучени и кучиња-трагачи.
Лекар констатирал смрт, а на местото бил извршен увид од страна на полициски екипи во координација со јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.